Македонската фудбалска репрезентација не успеа да победи на воведниот натпревар на Европското првенсто. Иако нашите фудбалери играа добро, иако имаа активен резултат на 15-сетина минути до крајот, иако имаа неколку шанси и за пресврт, сепак, искуството на Австрија пресуди па така нашите загубија со резултат 3:1.
Иако загубивме, не треба да се откажеме и треба да нападнеме уште подобро во четврток. Вчера фудбалерите имаа голема поддршка од трибините во Букурешт. Според неофицијалните податоци, над 4000 илјади Македонци беа присутни на стадионот и направија одлична атмосфера.
,Црвено-жолтиот” sид за Македонија ќе продолжи и во четврток, кога очекуваме и прва победа на ЕП.