Вчера, по одлука на клубот сосема оправдано и за пофалба нашите кадетки , „Лавиците“ беа пријавени да играат на младински женски квалификациски турнир. Им фалеаа мечеви, добија шанса и не ја „прокоцкаа“ покажаа дека се тим за респект. Играа со две младински екипи, тимот на Шампион го совладаа иако имаа негатива од еден гол во 2.дел, потоа со силната екипа на Металург им водеше 5.гола, но иако имаа постар ривал успеаа да се вратат и одиграа реми. Овој тим има „ореол“ на несовладливост кој долго време го одржуваат.
Па така ниту вчерашниот настап на кадетките против две младински екипи не го смени тоа. Тие одиграа одлично, и ги задоволија вкусовите на сите љубители на ракометот. Останаа само седум дена до неверојатните 1000 (со зборови-илјада) денови без пораз за овој тим. Покрај дуелите во нивните кадетски и пионерски лиги, имаа пријателски со сениорски тимови како Спартак, пријателска со младинките на Металург и сега турнир со младинките на Шампион и на тимот од Автокоманда.
>>> Последниот пораз за кадетскиот тим на ЖРК Вардар е кога го пречека тимот на ЖРК Алушовски. Во еден меч со многу борба до победа стигнаа девојките на нашиот ривал. Сино-белите девојки дојдоа до победа со резултат 21:23 (13:14) од 4.коло во кадетската женска лига-Ова е информација од 23/09/2018 година. По овој пораз до пролета совладаа се во кадетската и пионерската лига, и ги освоија двете титули.<<<
Од тогаш до денес одиграа дузина мечеви во лигите, ф-4 турнирите, пријателски во земјава. Поразот веќе никогаш не беше опција за нив. Минаа 993.дена како “лавиците“ ниту еднаш не завршија дуел во кој противникот успеал да се радува на победа. Навистина долг период, кој покажува за каков тим станува збор.
Честитки до сите играчи и стручниот кадар, посебна пофалба до Платон и Папуџиева, тоа е тренерски двоец кој секој млад женски тим би го посакал.
…….P.S Кадетската круна е ваша девојки…..