Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (ВИДЕА) На младинскиот турнир, вардарци вчера со висока победа и еден пораз
(ВИДЕА) На младинскиот турнир, вардарци вчера со висока победа и еден пораз

(ВИДЕА) На младинскиот турнир, вардарци вчера со висока победа и еден пораз

Вчера на вториот натпреварувачки ден на младинскиот квалификациски турнир кој се игра во „Автокоманда“ нашите пионери/кадети кои играат на овој турнир за младинци имаа половичен успех. Вардар на два меча од групата- Г, оствари една убедлива победа и впиша еден пораз.

На првиот утрински дуел се сретнавме со тимот на Јуниор К.В, одигравме одлично и успеавме да заминеме на одмор со двојно повеќе голови од ривалот (14-7), во вториот дел од минута во минута ја зголемувавме предноста и победивме со двоцифрена разлика, резултатот беше на крајот 32-21 за црвено-црните избраници на Зоран Петковски-Зенга.  Потоа игравме со поранешните колеги од Вардар, тимот на РК Скопје 2020. Момците на Будимир беа подобар противник, станува збор за повозрасна екипа. На одмор заминавме со само три негатива, поискусниот тим успеа да ја исконтролира играта во вториот дел и не совлада со 21-27 на овој дуел.

-РК ЈУНИОР К.В – РК ВАРДАР 1961 21:32 (07-14) -ВИДЕО

-РК ВАРДАР 1961 – РК СКОПЈЕ 2020 21-27 (10-13) -ВИДЕО