Вардар одигра одлични 1-1 во гости кај Малме во Шведска, резултат после кој мечот во Струмица е пресуден за чекор понатака во ЛШ. За реванш дуелот со соопштение за своите членови на нивната официјална страница излезе навивачката група на Вардар, Комити Запад. Истото ви го пренесуваме во целост.
ИЗВЕСТУВАЊЕ !!
За реванш натпреварот на нашиот ВАРДАР со МАЛМЕ кој се игра на 18.07.2017 година на стадионот Младост во Струмица, од 18 часот, управата на клубот е без слух за најверните навивачи на клубот и останува на нас, како многу пати до сега, да се само организираме и да ја дадеме нашата безрезервна поддршка на нашиот клуб !!
Билетите за натпреварот кои ни се наметнати со многу висока цена од 500 денари да се набават на билетарата во Јане Сандански и нивната продажна мрежа.
ДА СЕ КУПУВААТ КАРТИ ЗА ЈУЖНА ТРИБИНА, Б1 СЕКТОР !!!
СОБИРНО МЕСТО, за сите што ке идеме со возила е ЖЕЛЕЗНИЧКА, 13:00часот !
СОБИРНО МЕСТО за останатите е
ПРЕД Б1 БЛОК НА ЈУЖНА ТРИБИНА ВО 17:00часот !
ЗА ВАРДАР
ЗА ЕВРОПСКО ЛЕТО
ЗА КОМИТИ
30 ГОДИНИ КОМИТИ ЗАПАД
ФК ВАРДАР – Малме
18.07.2017, Струмица
стадион Младост, 18:00ч
јужна трибина, Б1 блок
железничка, 13:00 часот !!