„Комити“ донираа средства за борба против Ковид-19. Навивачите на Вардар на својата официјална Фејсбук страна објавија соопштение кое ви го пренесуваме во целост:
Со цел подобро справување со вирусот Ковид 19, кој доби Пандемиски размери, денес ја посетивме Скопската Клиника и дониравме 1000 маски, 40 Заштитни мантили и десетици средства за дезинфекција. Истите ќе бидат распределени онаму каде што се најнеопходни.
Комитски е овојпат да останеме дома, со тоа ќе спречиме вирусот да се прошири и стигне до оние кои имаат послаб имунитет, до хронично и тешко болните. Заедно да им дадеме шанса и ним за праведна борба и победа.
Вашата борба е и наша борба !