Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Скубе: На лето ќе го напуштам Скопје, но сигурен сум дека нашите патишта ќе се сретнат повторно
Скубе: На лето ќе го напуштам Скопје, но сигурен сум дека нашите патишта ќе се сретнат повторно

Скубе: На лето ќе го напуштам Скопје, но сигурен сум дека нашите патишта ќе се сретнат повторно

Уште еден ракометар од шампионската генерација на РК Вардар најави дека од следната сезона нема да биде дел од нашиот тим. За голема штета на сите нас, Скубе повеќе нема да го носи дресот на Вардар и е уште еден во низата што ја завршува авантурата во Скопје.

Самиот Скубе на својот Инстаграм профил го најави заминувањето, каде напиша:

„Има само неколку добри спомени, но ова беше повеќе од тоа. Горд сум што го носев дресот на Вардар две години и горд сум на сето она што го постигнавме во последниов период! Секако, освојувањето на Лигата на шампионите минатата година беше еден од најдобрите денови во мојот живот! Би сакал да им се заблагодарам на соиграчите, фановите и луѓето што ни даваа поддршка. Му посакувам сè најдобро на Вардар и се надевам дека во иднина клубот ќе остане на нивото кое го заслужува. На лето ќе го напуштам Скопје, но сигурен сум дека нашите патишта ќе се сретнат повторно. Вистинската љубов е навиката да се враќаш. Еден живот, една љубов“ , напиша Скубе.