Минатиот викенд немаше фудбал во македонската фудбалска елита, паузата беше поради настапот на репрезентациите ширум Европа. Викендов повторно продолжуваат возбудувањата во Македонската фудбалска лига, нашиот Вардар во “градското дерби“ ја пречекува екипата на ФК Работнички. Најверните навивачи на црвено-црните Комити Запад на нивната официјална страница излегоа со информација за своите членови за овој првенствен натпревар:
ФК ВАРДАР – ФК Работнички
недела, 02.04.2017
градски стадион, 16:00часот
цена: со членска бесплатно, без членска 50 денари
СИТЕ НА ЗАПАД !!!
30 ГОДИНИ КОМИТИ ЗАПАД