Претходната недела се вршеше приоритетната замена на билети, а од понеделникот започнаа продажбата на билети за натпреварите на Вардар во машка и женска конкуренција во четврт-финалето на ЕХФ Лигата на шампионите. Откако заврши приоритетната замена на сезонските картички со билети, сите слободни места во салата се понудени на продажба, поединечно за двата натпревари.
Продажбата на билети за четврт-финалето на ЛШ ќе се врши преку мрежата на www.ticketplus.mk, или на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.
Повеќе информации на info@ticketplus.mk или на телефонскиот број + 389 2 2401 980.
Женската екипа на Вардар во четврт-финалето се среќава со дански Митјиланд, а вториот меч се игра во Скопје на 15 април во 17,30 часот.
Машката екипа на Вардар, сѐ уште го чека својот противник во четврт-финалето на машката ЛШ. Тоа треба да биде победникот од дуелот меѓу Флензбург и Мешков Брест. Вториот меч од четврт-финалето Вардар ќе го игра во Скопје во перидот од 26 до 30 април.
Цени на билети:
РК Вардар
А блок – 600 денари
Централни – 500 денари
Позади гол – 400 денари
Стоење – 200 денари
ЖРК Вардар
А блок – 300 денари
Централни – 200 денари
Позади гол – 150 денари