Градот Охрид ќе биде домаќин на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во женската кадетска лига. Истиот ќе биде одигран во недела, на кој ќе настапуваат и кадетките на Вардар СЦЈС. Металург, Куманово, како и домашниот тим на Лихнид 2012 се другите екипи кои ќе се борат за шампионскиот трофеј во оваа генерација за девојчиња родени “2000“ година и помали. Во полуфиналето избраничките на Платон и Кузмановска за противник ќе го имаат тимот на Куманово, додека другата двојка ја сочинуваат Металург и Лихнид.
Распоред на натпревари (02.04.2017):
(Полуфинале, 11:00) Металург – Лихнид 2012
(Полуфинале, 12:45) Куманово – Вардар СЦЈС
(Натпревар за 3 место, 18:00)
(Финале, 19:45).
Екипата на Вардар СЦЈС заврши како првопласирана во групата 2, со 27 освоени бодови, исто колку што имаше и екипата на Лихнид. Токму од овој противник го доживеавме и единствениот пораз во регуларниот дел од сезоната. Малку фалеше и нашата втора кадетска екипа, која беше помала генерација да се најде на завршниот турнир. Сепак во последното коло против Куманово, иако триумфиравме (30:26), ни беше потрбна победа од седум голови разлика. Ова се сите постигнати резултати за кадетките на Вардар СЦЈС во својата група:
1 коло: Вардар СЦЈС – Стружанка 25:11
2 коло: Пелистер – Вардар СЦЈС 21:34
3 коло: Вардар СЦЈС – Преспа 40:17
4 коло: Вардар СЦЈС – Лихнид 20:16
5 коло: Кичево 10 – Вардар СЦЈС 18:31
6 коло: Стружанка - Вардар СЦЈС 18:23
7 коло: Вардар СЦЈС – Пелистер 41:14
8 коло: Преспа - Вардар СЦЈС 17:38
9 коло: Лихнид 2012 – Вардар СЦЈС 26:22
10 коло: Вардар СЦЈС – Кичево 10 40:13