Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Анастасија Николовска постигна повеќе погодоци од цела екипа на Пелистер, Вардар СЦЈС стигна до 52 погодоци во дуел со противникот

Анастасија Николовска постигна повеќе погодоци од цела екипа на Пелистер, Вардар СЦЈС стигна до 52 погодоци во дуел со противникот

 

Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС стигна до нова петта последователна победа во најсилната супер лига во вториот дел од сезоната. Избраничките на Симе Симовски полесно од очекувањата славеа на гостувањето во Битола, против екипата на Пелистер. Конечниот резултат гласеше 13:52. Ова беше и трет последователн триумф во дуелите со тимот од Битола.

Самиот резултат говори за квалитетот на двете екипи и одразот на силите на теренот. По првото полувреме примивме само четири гола, додека постигнавме дури 25 погодоци во мрежата на домашниот тим. Уште на стартот од натпреварот имавме двоцифрена предност, по што беше познат текот на овој натпревар. Повеќе од погодоците беа постигнувани од лесни контра-напади, а Вардарки делуваа како да се на полесен тренинг. Во вториот дел продолживме да ја зголемуваме предноста, која на крајот беше изразена речиси со четериесет голови разлика. Интерсно е тоа што младинската репрезентативка и крилото на Вардар, Анастасија Николовска постигна 17 голови, или повеќе од цела екипа на Пелистер на овој натпревар. Освен Нолевска сите се запишаа во листата на стрелци и добија шанса за игра. Втор стрелец беше крилото Николина Бојаџиска со 9 погодоци.

ЖРК Вардар СЦЈС: Белмезова (4 одбрани), Стојановска 3, Трпковска 5, Ѓеоргиевска 2, Бојаџиска 9, Тодоровска 2, Мицевска (6 одбрани и 2 пенала), Нолевска, Станиќевска 6, Петковска (8 одбрани), Керамитчиева 1, Георгиевска 3, Мишевска, Божиновска 2, Николовска 17, Гичевска 2.