Екипата на Вардар во наредната сезона се враќа во друштвото на прволигашите, стана првата од двете екипи кои ќе ја пополнат листата на 12. Учесници во Првата лига-мажи во сезоната 2032/2024, откако и на вториот меч од полуфиналната серија беа подобри од локалниот ривал, екипата на Ангели.
АНГЕЛИ – ВАРДАР 73:82 (0-2)
(18-25; 5-21; 27-14; 23-22)
Одличен почеток на вториот меч од серијата имаа кошаркарите на Вардар. Уште во првиот период од играта „вардарци“ прикажаа доста ефикасна игра во нападот. Реализираа дури 25.поени, односно седум повеќе од домашната екипа.
Со серијата од (12-2), во само две и пол минути, „вардарци“ стигнаа до уште повисока предност (37:20) и ја најавија дефинитивната кандидатура за место во елитата уште во тие 13.минути. И не застанаа тука гостите, напротив, реализираа уште четири поени без одговор од Ангели, поведоа со уште поголеми, огромни (41:20), во средината на тој период. До крајпт на прбото полувреме, по тројката на Бајрам, имаа двојно поголеми (46:23).
Впрочем, тој дел од играта, „црвено-црните“ го завршија со одлични (21-5).
Но имаше да се играат уште 20 минути…
А веќе по две одиргани во третата четвртина, Ангели почна да се враќа. И тоа со серија од осум поени, за да намалат на (31:46), и да го натераат на ран тајм-аут за тренерот на Вардар, Александар Јованчев.
Но без особен успех, затоа што по тројката на Арсоски, негативата на Ангели веќе беше едноцифрена, (37:46). Серијата на домашаната екипа, во свој стил, со тројка, ја прекина Бајрам за (49:37) по скоро четири минути од продолжението на играта. Но Ангели немаа намера да запрат, максимално го користеа својот моментум на овој меч, дојдоа и до минус од само четири поени, (45:49).
Со тројки се бранеа гостинските кошаркари во оваа четвртина, погоди и Ивановиќ за (52:45), а мини-серијата ја продолжи Митков, за (55:45). Разликата, двоцифрена, со нова тројка на истекот на третиот дел, ја задржа Бајрам, постави (60:50).
Кошаркарите на Вардар брзо се консолидираа, ги надминаа слабостите во овој натпревар евидентирани во третата четвртина, и уште во раната фаза на последната четвртина се одвоија на (67:53). За тајм аут на Игор Гацов по само две одиграни минути од четвртината на одлука.
Двоцифрена беше предноста на Вардар, (72:62) и на три и пол минути пред крајот на натпреварот во салата „Независна Македонија“. Ангели немаа сили за ново приближување на високата негатива, па „вардарци“ можеа да почнат со славењето на пласманот, односно враќањето во друштвото на најдобрите!
Во екипата која е веќе нов член на Првата лига, Бајрам застана на бројката од 25. реализации, а Митков заврши со 21, Атанасов имаше 16, а Ивановиќ уште 12.поени.