Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар отвори со победа во 1/4-финалната плеј-оф серија
КК Вардар отвори со победа во 1/4-финалната плеј-оф серија

КК Вардар отвори со победа во 1/4-финалната плеј-оф серија

Мошне драматичен натпревар, прв во четвртфиналната серија од плеј-офот во Втората лига-мажи одиграа екипите на Вардар и МЗТ Скопје Уни Банка.

Победникот беше решен буквално во последната секунда. Односно кога Спасовски не погоди (од добра позиција во рекетот) за победа на гостинската екипа.

Победата остана за Вардар , макар и минимална (75:74), ни доволно за почетни (1-0) во серијата која се игра до две победи и води во полуфиналето.

Претходно, Вардар беше екипата која подобро го отвори мечот „Под Кле“ ја доби првата четвртина со (23:17), но гостите одговорија во втората, па на полувремето имавме егал скор (38:38). Израмнето се играше до самиот крај во кој гостите од Аеродром испуштија можност за „брејк“ уште на почетокот на баражот за пополнување на двете места во Првата лига-мажи.

Блажо Митков реализираше 29.поени за Вардар, Бајрам Хусеин даде 14.поени, Коцев имаше 9, Пецановски 8, а Атанасов уште 7. поени.

Во гостинската екипа, Ангелковски дојде до 14.поени, Спасовски уфрли 13, Пандев 11, Настовски 9, а Трајковски уште 8.