На програмата во младинската женска ракометна Група-А е предпоследниот дуел во групната фаза.
Младинките на ЖРК Вардар, денес (вторник, 25.април) ќе се соочат со тимот на ЖРК Шампион. Дуелот се игра во салата “Круме Кепески” во Кисела Вода со почеток во 17-00 часот. Вардарки веќе се пласирани на завршниот Ф-4, како лидери во оваа група со максимални бодови.