Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар на чекор до прва лига!
КК Вардар на чекор до прва лига!

КК Вардар на чекор до прва лига!

Вчера КК Вардар одигра нов натпревар во рамките на втората кошаркарска лига на Македонија. Нашите кошаркари одиграа натпревар на гости во Битола против КК Пелистер. Овој многу важен натпревар вардарци го добија со резултат 63:53. Оваа победа не носи многу блиску до второто место и промоција во првата лига.

По овој натпревар имаме скор од 13 победи и 3 порази, додека пак третопласираниот тим на КК Гостивар има биланс од 11 победи и 5 порази. Токму следниот викенд играме против овој противник во нашата сала под Кале. Доколку го добиеме овој натпревар со сигурност ќе се промовираме во нови прволигаши.