На гостувањето кај КК ФМП Академија, нашите кошаркари до 20 години загубија со резултат 83:62. Потполно заслужено домаќинот се радуваше на висока победа, во текот на целиот натпревар беше подобар ривал од “црвено – црните”.
И покрај овој незгоден пораз, сепак, Вардар останува и го држи првото место на табела во досегашното натпреварување.