Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар се загреваше за Ф4 турнирот во Будимпешта, со “сестринскиот“ тим на Вардар Јуниор
Вардар се загреваше за Ф4 турнирот во Будимпешта, со “сестринскиот“ тим на Вардар Јуниор

Вардар се загреваше за Ф4 турнирот во Будимпешта, со “сестринскиот“ тим на Вардар Јуниор

Ракометарките на Вардар ја имаа последната подготовка и проверка на формата пред заминувањето во Будимпешта, каде претстојниов викенд ќе бидат дел од завршниот турнир. Попладнево во малата сала на С.Ц. Јане Сандански, вардарки го победија “сестринскиот“ тим на Вардар Јуниор. Уште по првото полувреме имавме солидна предност, која беше изразена со двоцифрена разлика (23:13). Во второто полувреме само го зголемувавме водството, за на крајот да славиме голема победа, изразена со резултат 50:29.

На тој начин Вардар стигна до својата 27 победа од исто толку одиграни натпревари, додека ова беше десетти пораз за Јуниор, кој има уште 14 победи и 3 нерешени резултати.

vardar-junior-vardar-prvenstvo-08-05-2018-135761

Кај Вардар недостасуваа неколку ракометарки, но тоа не претставуваше проблем да слават против младиот состав на Јуниор. Саздовска и Ристовска вообичаено беа најдобри стрелци, постигнувајќи по 11 голови. Кај Вардар Јуниор најдобар стрелец беше Ива Божиноска со 6 голови.

Вардар јуниор: Илиќ, Николовска, Реџеп, Николовска 4, Велкова, Карчева, Стефановска, Кицеска, Атанасова, Трпевска 5, Георгиевска 2, Диневска, Божиноска 6, Филипоска 3, Иванова 3, Николиќ 6

Вардар: Саздовска 11, Бајрамовска 6, Мицевска, Керамичиева 10, Суслина, Хмирова, Петровиќ 8, Гичевска 4, Ристовска 11