Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нова убедлива победа за кадетките на Вардар Јуниор, на Кале “настрада“ екипата на Делчево
Нова убедлива победа за кадетките на Вардар Јуниор, на Кале “настрада“ екипата на Делчево

Нова убедлива победа за кадетките на Вардар Јуниор, на Кале “настрада“ екипата на Делчево

Кадетките на Вардар Јуниор продолжуваат со победите во лигата, откако попладнево на Кале убедливо ја совладаа екипата на Делчево-Вардар. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 47:22.

Уште на стартот од дуелот, избраничките на Драгана Ристова им дадоа до знаење дека нема што да бараат на овој натпревар и дека бодовите ќе останат во Скопје. Тргнавме фуриозно на мечот, постигнувајќи осум голови во серија, за уште на стартот да имаме водство од 8:0, додека Делчево својот прв гол го постигна во осмата минута од дуелот. Истава позитива ја имавме и во следните шест минути, кога резултатот на семафорот гласеше 11:3, за црвено-црните со нова серија од 5:0 да стигнат до двоцифрена и убедлива предност од 16:3. На секој гол на гостинскиот тим, Вардар Јуниор враќаше со серија од неколку погодоци, па до истекот на првото полувреме успеаме да постигнеме дури 30 голови, за на пауза да се замине со предност од 30:11.

Помал број на голови постигнавме во второто полувреме, додека интересно екипата на Делчево постигна 11 голови и во овој дел од натпреварот. Избраничките на Ристова после завршниот турнир во младинската лига на кој го освоија второто место, денес одиграа рутински колку што беше потребно за да се слави победа. Делчево ни од блиску не беше рамноправен противник, па на крајот си замина со убедлив пораз, изразен со резултат 47:22.

Сите ракометарки со исклучок на голманките и Гроздановска, се запишаа во листата на стрелци на овој меч. Станчева имаше 12 одбрани, додека Трајкоска 5 интервенции.

Вардар Јуниор: Трајкоска (5 одбрани/2контри), Гроздановска, Арсовска 3, Дамјановска 4, Гонзалез 2, Ѓорѓиевска 1, Донева 6, Петковска 4, Станчева (12 одбрани/1 контра), Наскоска 5, Џатевска 3, Костовиќ 2, Миновска 3, Коларовска 5, Јаковчевска 7, Талевска 2.