Денес со почеток од 11 часот во просториите на РФМ со ждрепка ќе бидат извлечени полуфиналните двојки во ракометниот куп, кај мажите и жените. Актуелни освојувачи на ова натпреварување и бранители на трофејот се екипите на Вардар, кои се големи фаворити и оваа сезона да ја одбранат домашната двојна круна. Покрај Вардар во машкиот дел, учесници на завршниот турнир се уште и двете битолски екипи, Пелистер и Еурофарм Работник, како и екипата на Металург. Спортската сала “Младост“ и градот Битола ќе бидат организатори на Ф4 во купот.
Во женскиот дел, учесници на Ф4 се двете екипи на Вардар, потоа Пелистер и Металург. И двата завршни турнири ќе се одиграат на 19 и 20-ти мај.