Кошаркарите на Вардар со пораз ја затворија годината откако вчера беа поразени од домаќинот Кожув со резултат (91-82).
Вардар добро играше и му парираше на домаќинот без својот најдобар играч Провел кој не беше во ростерот на овој натпревар. На полувреме нашиот тим имаше егал, но во третата четвртина со серија на Кожув од 9-0 разликата се зголеми на двоцифрена што беше тешко достижна за нашите кошаркари.
Најдобар стрелец кај Кожув беше Нацевски со 19 поени, додека Пековиќ заврши со 17, а одличен беше и Караколев, со „трипл-дабл“ од 15 поени, 10 асистенции и 10 скока. Кај Вардарци, Радош реализира 20 поени, а Михајловски застана на 12.
Вардар ја завршува годината со скор од две победи и осум порази.