Реномираниот ракометен портал “Хендбол-Планет„ излезе со информација за евентуален трансфер на Даинис Кристопанс од Вардар во редовите на ПСЖ. Десниот бек од Летонија има важечки договор со Вардар до 2020 година, тој во изјава за летонските медиуми демантира дека веќе има потпишано некаков договор со шампионот на Франција, иако не демантира дека има одлична комуникација со неговиот поранешен тренер.
-Немам ништо потпишано со екипата на ПСЖ, иако постоеа разговори со Гонзалез. Јас имам договор со Вардар до 2020 година, така да сигурно трансфер нема да се случи следната година. Имаме добра комуникација со Раул, често се случува да позборуваме.
Вардар иако со значително променет состав оваа сезона, сепак се наоѓа на второто место во најсилната група А од ЛШ, додека во СЕХА-лигата сме блиску да се пласираме на завршниот турнир.
-Моментално се наоѓаме на второто место во групата од Лигата на Шампионите и се надевам дека ќе ја задржиме оваа позиција до завршување на групната фаза бидејќи ни носи полесен противник во следната елиминациска рунда. Напорно се подготвуваме пред секој меч и немавме некоја зацртана цел пред почетокот на сезоната. Во СЕХА-лигата исто така играме силни натпревари и ни овозможува да одржуваме високо ниво на игра, повторно сакаме да играме на завршниот турнир.
На мечот со Татран, Кристопанс доби непријатен уар по што мораше да замине на принудна операција.
Морав принудно да заминам на операција, добив силен удар. Бев само два дена во болница, а потоа ме пуштија на домашно лекување. Во Скопје ќе се вратам на осми јануари, кога ќе продолжиме со тренинзите.