Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански се доигрува последното 4 есенско коло во ракометната “Јуниор“ лига. На програмата во машкиот дел беа два натпревари кај генерацијата родени 2008/09 година.
На првиот меч се сретнаа екипите на Бисинов и Кисела Вода-Вардар. Поуспешна беше екипата од Велес која славеше со резултат од 10:6. Тимот на Бисинов прв го отвори резултатот за 1:0, за тимот на Кисела Вода да постигне три гола во серија и да поведе со 1:3. Предноста ја одржуваа до крајот на првиот дел, кога на кратка пауза се замина со водство од 3:4.
Следеше фуриозен старт за екипата на Бисинов во вториот дел кога постигна четири последователни голови и поведе со 7:4. Ова беше решавачки период за конечниот победник. На крајот славеше Бисинов со резултат 10:6.
Победа во истава возрасна категорија и за екипата на Партение Зографски Вардар кој беше подобар во дуелот со екипата на Ангели Вардар. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 10:7. Во првите 3 минути видовме две израмнување кога резултатот на семафорот беше 1:1 и 2:2. Од тој момент, Партение Зографски го превзеде водството кое го задржа до самиот крај на мечот.
Набрзина направија серија од 3:0 и поведоа со 5:2, додека истава позитива ја имаа и по истекот на првите 12 минути, кога резултатот гласеше 8:5. Во вториот дел видовме по два гола на двете страни, за конечниот резултат да гласи 10:7.