Monday ,04 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Преглед 13.коло! ЖКК Вардар поразен од Бадел, паднавме на 4.позиција
Преглед 13.коло! ЖКК Вардар поразен од Бадел, паднавме на 4.позиција

Преглед 13.коло! ЖКК Вардар поразен од Бадел, паднавме на 4.позиција

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 ќе тргнат од првата стартна позиција во плеј-офот во Првата лига-жени. Ја потврдија „единицата“ девојките од Македонска Каменица со победа против МЗТ Скопје Аеродром со резултат (69:63). Па на коло пред крајот имаат две победи повеќе во однос на својот голем ривал во изминатиот период – Бадел 1862.

Во дуелот на финалистите во Купот на Македонија, Баскет Кам 2011 доминираше во првото полувреме во кое се стекнаа со предност, и тоа по првата четвртина (22-13), кое до полувремето домашните кошаркарки го зголемија на (41:24).

Но победникот на Купот најде начин да се врати назад во натпреварот. Во третиот дел од играта МЗТ Скопје намали на (45:50), но немаше сили за комплетен пресврт и победа која ќе ги задржи во првата „четворка“.

Димова реализираше 17.поени, Николов 15, Максимовска и Тасевска по 11, а Адамовска ја заокружи „двоцифрената“ прва петорка со десет реализации.

Во гостинската екипа, очекувано, во главна поентерска улога беа Ли и Симонс кои реализираа 46 од крајните 63. поени.

Поразот на екипата од Аеродром, но и новиот неуспех на Вардар, во дерби дуелот со Бадел 1862 (68:76), го искористија кошаркарките на Крива Паланка, кои со победата на гостувањето во Струга (71:64), се пробија на третото место на табелата.

И со оглед на тоа дека во последното коло од регуларниот дел на домашен паркет го дочекуваат кавадаречки Пробаскет, извесно е дека со победа во тој натпревар од таа стартна позиција ќе го почнат доигрувањето за шампионската титула.

Во салата „Нико Нестор“ првото полувреме им припадна на стружанки, кои обезбедија предност од (45:38). Но во продолжението на играта профункционира двоецот на Крива Паланка, МекНил- Алексовска . Гостинките ја добија третата четвртина со (18:11), и во последниот период се влезе со егал резултат (56:56). Десет минути во кои екипата од Крива Паланка заигра уште подобро во одбраната, и на крајот стигна до триумф вреден трето место на табелата.

МекНил застана на бројката од 39 поени, Алексовска ја следеше со 22. На другата страна од теренот, одлично им парираше Американката Ли, која имаше 36 реализации, Зендели и Биочанин додадоа по десет.

По подолго време, победа запишаа и младите кошаркарки на Пробаскет. На домашен терен во Кавадарци беа подобри од екипата на Гризли (67:65). Но сето тоа е без „влијание“ на изгледот на табелата.

По одиграното 17. коло во групата „Б“, јасно е дека екипата на Патриот 2016 ќе заврши како првопласирана, и дека во бараж-натпреварите за место во осумте најдобри ќе разигрува токму против кавадаречки Пробаскет.

Во овој круг од натреварите екипата од Делчево славеше сигирен троумф над Пелистер (65:30), и има две победи повеќе во однос на Шкупи.

Екипата од Чаир беше поуспешна од Пониква 2022 (74:48), и исто така ќе биде дел до баражот, затоа што со овие два бода го потврди второто место, За противник во доигрувањето за место во поквалитетната група, ќе ја има седмопласираната екипа од групата „А“, Гризли.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО

Струга 2009 – Крива Паланка  64:71

Пробаскет – Гризли         67:65

Баскет Кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром   69:63

Бадел 1862 – Вардар      76:68

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 24, Бадел 1862 22, Крива Паланка 21, Вардар 20,МЗТ Скопје Аеродром 19, Струга 2009 18, Гризли 16, Пробаскет 14;

ИДНО КОЛО (18.03)

Крива Паланка – Пробаскет

МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009

Гризли – Бадел 1862

Вардар – Баскет Кам 2011