Екипите на Баскет Кам 2011 и на Вардар се првите две кои обезбедија пласман во следната, полуфинална фаза од плеј-офот во женска сениорска конкуренција.
Актуелниот бранител на титулата без никакви проблеми го доби и вториот меч од серијата против екипата на Пробаскет. Беа убедливи и на гостувањето во Кавадарци, славеа со (93:55) и со максимални (2-0) ја затворија серијата.
Противник во полуфиналето ќе им биде екипата на Вардар.
„Вардарки“ беа доминатни и на вториот натпревар од серијата против МЗТ Скопје Аеродром, победија со (92:47), за експресен пласман во првата „четворка“.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ
РЕЗУЛТАТИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
Пробаскет – БАСКЕТ КАМ 2011 55:93 52:89 (0-2)
МЗТ Скопје Аеродром – ВАРДАР 47:92 34:82 (0-2)