Вчера тимот на КК Вардар-А го доигра последното, 10то коло во Македонската кугларска лига, МКЛ во истото дојде до победа. Сезоната ќе ја завршиме како второпласирани веднаш зад тимот на шампиот КК Макпетрол, најбогатиот тим во земјава ја одбрани титулата оваа сезона.
Во последното коло игравме со дамите од ЖКК ГТЦ Мусандра, на оваа средба дојдовме до победа со максимални 8-0. Во сетови бевме подобри со 21,50 према 2,50, соборивме 3390 „дрва“. Дарко Димитровски собори 596 „дрва“ и имаше најдобар скор во нашиот тим, втор скор имаше Бранко Митиќ со соборени 574 „дрва“,
Следен предизвик за тимот на КК Вардар е дуелот од Купот на Република Македонија кој оваа сезона ќе се игра на 8-ми април во Мусандра.