Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Ѓоко Јосифов за супер Вардар!
Ѓоко Јосифов за супер Вардар!

Ѓоко Јосифов за супер Вардар!

ЃОКО ЈОСИФОВ ВО ВАРДАР!

Џинот на Македонската одбојкарска репрезентација значително го засилува нашиот состав. Заедно со повратникот Ристо Клопчески ќе формираат силна блокерска двојка на средината од мрежата. Составот е дополнително појачан со екс-репрезентативецот Влатко Трајчевски, кој ќе придонесе за стабилноста во редот на примачите.

Најава за супер-интересен втор дел од сезоната и отворена покана за сите љубители на одбојката да навиваат за Вардар и да следат квалитетна одбојка на трибините во салата Градски Парк.

ОК Вардар на паузата се наоѓа на третото место на табелата зад Универзитет Тетово и Струмица.