Одбојкарите на Шкендија се пласираа во финалето на разигрувањето за титулата откако втор пат славеа над Вардар во првиот сегмент од елиминациите во шампионатот. По тетовските 3:2, вчера во Петровец, Шкендија се радуваше со 3:1 (25:15, 25:17, 21:25, 25:16) и обезбеди настап во серијата за тронот којашто ќе трае најмалку три, а најмногу пет натпревари.
Скопските црвено-црни повторно настапија без повредениот Филип Блажовски, па најпрво Димковски, а потоа и Ракша се обидоа да ја одиграат неговата улога, но приемот не беше на ниво, па вардарци не можеа да му парираат на ривалот, да израмнат на 1-1 во низата и да се изборат за мајсторка.
Финалето кај мажите ќе почне во вторник на теренот на Струмица 47&72, сопренос на МРТ-3 од 21 часот, а резултатите во тековната сезона, како и реномето на екипите, посочуваат дека бранителот на тронот и освојувач на годинашниот трофеј би требало да ја заврши работата со 3-0.
Прва лига (мажи), полуфинале (реванши)
Универзитет во Тетово – Струмица 47&72 1:3 (21:25, 25:23, 18:25, 20:25)
Вардар – Шкендија 1:3 (15:25, 17:25, 25:21, 16:25)