Вардаровиот, 27 годишниот Петре Завировски ја започна својата кариера како 16 годишно момче во дресот на АК Вардар. По одличниот старт на сезоната со атлетичарот на црвено-црниот тим, редакцијата на Вардар Фанс разговараше за неговата досегашна кариера и идните цели. Земајки ги во предвид драматичните подеми и повремените падови во неговата кариера. Признава дека има нова шанса за нов драматичен подем. Со голема емоција зборува за Вардар.
Дали ние ќе бидеме први кои што ќе ти честитаме за твоето одново чекорење на големата сцена?
Постојат неколку причини. Во последните 3 или 4 месеци се чувствувам остро како порано. Јас сум тип на човек кој го сака долгото трчање. Сакам да тренирам на дневна основа, сакам да се натпреварувам. Апсолутно го сакам патувањето низ подемите и падовите во текот на годините. Ја сакам секоја минута од ова. Постигнав многу, многу работи што никогаш не мислев дека ќе им се доближам. Постојано си велам дека сум сеуште младото момче кое сонуваше да трча маратон во својот роден град. Продолжувам да се натпреварувам и многу сум благодарен.
Спомнавте за вашите високи постигнувања, кои беа надобрите од тие моменти за вас?
Очигледно Светското првенство во Тоскана во 2014 година. Полумаратонот во Подгорица исто така тоа беше инзворедно остварување за мене во 2016 година. Балканскиот полумаратон во 2014 година во Драч беше остварување на сонот за мене, веројатно мојата трка на кариерата. Секако светското првенство во Полска, европското во Боровец и Балкаснкиот крос во Ќуприја. Но во исто време имаше брутални падови, но задоволен сум што се носев со притисокот. Задоволен сум како помина.
Ако погледнете наназад во вашата кариера, како ќе се опишете?
Не би рекол дека бев најталентираниот или најбрзиот. Можев да издржам многу долго трчање со силно темпо, можев да се натпреварувам на различни дистанци и да постигнам добри резултати. Мислам дека тоа беше мојата сила. Задоволувачки е да се знае дека останав верен на луѓето што ми се најважни. Не бркав слава и сум многу задоволен од сопствената лојалност.
Што ви значи Вардар како клуб?
Започнав да навивам за клубот на многу рана возраст. Многу луѓе од моето семејство се за Вардар. Начинот на кој клубот и Комитите ја подигаат националната гордост. Тоа остана последниот бастион на Македонскиот непокор. Начинот на кој колективот се однесува кон мене. Имам многу за да им се заблагодарам.
Кои се твоите идни цели?
Дефинитивно мојата најголема цел е да истрчам силен маратон. Тоа е дисциплина која претставува врв на олимпизмот и човештвото. Главната моја цел за иднината е силен маратон. Доколку не го направам тоа никогаш нема да бидам комплетен. Во меѓувреме ќе продолжам да се натпреварувам на пократките дистанци како полумаратон и 10км. Да поставам добри времиња, да го дадам својот максимум. Навистина е тешко да се одржува постојано високиот перформанс. Но зошто да не, ќе се обидам. Секако моја цел е и настапи за репрезентацијата на Македонија. Достојно да ја представувам својата татковина на меѓународна сцена.
Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Спортот одсекогаш бил мојата страст. Моите идоли секогаш биле спортистите, како Стивен Џерард и мојот сегашен тренер Тони Насковски. Многу сум благодарен што имам можност да тренирам со мојот најголем идол од детството. Пред мојата 16-та година тренирав ракомет, но секогаш ме влечеше нешто посило како атлетиката. Додека тренирав ракомет мојот омилен дел од тренингот секогаш беше трчањето. Затоа одлучив да тргнам по патот кој го сакам. Од мојата 16-та година започнав. Атлетиката постана храна која сеуште постојано ме храни. Мојот сон беше да успеам да се натпреварувам на добро ниво во Македонија. Не се осмелував да размислувам за нешто повисоко. Но сега моите цели се променија, размислувам за многу повисоки цели. Чувствувам дека можам.
Прочитавме дека имате преку 100 настапи од кои 5 за репрезентацијата на големи натпреварувања?
На секој мој настап се чувствував многу добро. Го кажувам ова, но неможам да се сетам на натпревар каде воопшто сум немал болка. Ако навистина сакате да постигнете нешто, мора да направите голема жртва. Тоа вклучува и издржување на болки. Долгите патеки се исцрпувачка дисциплина. Страдаат зглобовите, тетивите, лигаментите, рскавиците, мускулите постојано се напнати. Но одсекогаш сум бил во можност да ја издржам болката. Од мал секогаш го сакав ова-завршува Завироски.