Хрватската ракометна репрезентација го освои второто место во ЕХФ Евро Купот. Во решавачкиот натпревар, тие беа поразени од репрезентацијата на Унгарија со резултат 26:22, на натпревар кој се одигра во Веспрем Арената. Само поради поголемиот број на постигнати голови на гостински терен, Унгарија ќе заврши на првото место, со оглед дека првиот дуел на овие две репрезентации одигран во Осијек заврши со победа на Хрватска од 31:27.
Се играше неизвесен и квалитетен натпревар, на кој Хрватска настапи со подмладен состав, кој во голем дел од натпреварот пружи силен отпор на Унгарија. Во текот на првиот дел, момците на Хорват беа во постојана предност, која во 14 минута беше и највисоки три гола разлика (5:8). Следеше период во кој Унгарија го израмни резултатот, а на полувреме, Хрватска замина со предност од само еден погодок (9:10).
Некаде на средината од вториот дел, Унгарците го превзедоа водството, се одлепија резултатски за на крајот да слават победа со резултат 26:22. Без разлика на исходот од последниот натпревар против Шпанија, селекцијата на Хрватска ќе го освои второто место во ова натпреварување.
Иван Чупиќ беше најефикасен со 5 голови од исто толку обиди, додека поради повреда не настапи Анте Гаџа.