Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Вардарова гордост! Шампионскиот пат на кугларите, стартуваа минимално, победија во Битола во клучното дерби за да го симнат од тронот Макпетрол по 20.години
Вардарова гордост! Шампионскиот  пат на кугларите, стартуваа минимално, победија во Битола во клучното дерби за да го симнат од тронот Макпетрол по 20.години

Вардарова гордост! Шампионскиот пат на кугларите, стартуваа минимално, победија во Битола во клучното дерби за да го симнат од тронот Макпетрол по 20.години

ВАРДАР Е ШАМПИОНкугларскиот тим Вардар направи ептен голем подвиг оваа сезона. Единствен покрај РК Вардар успеа да дојде до сениорска титула од сите црвено-црни сениорски тимови во С.Д. Вардар што им дава посебна тежина на овој успех. Покрај тоа во нивниот спорт имаа гигант за ривал, финансиски и играчи одлично „поткованиот“ Макпетрол. Тим кој владееше со мак.куглањето цели 20.години, тие влегоа како фаворит за титула и оваа сезона. Но, некој не размислуваше така, вардарци знаеа дека можат, веруваа, се бореа од коло во коло, создаваа прилика за чудо. Ја дочекаа еден дуел, меѓусебен, Макпетрол гостуваше на наше “буниште“. Се воздигнаа нашите момци, играа храбро, психички беа јаки и го фрлија на колена ривалот. Со оваа победа го трасираа патот кон пехарот. Остана да се „доработат“ три меча, ден потоа го “скршија“ убедливо во дербито тимот на ГТЦ. Шлагот на тортата дојде во неделата, во Битола на дербито со Пелистер одигравме маестрално, шампионски храбро и покажавме дека -ВАРДАР Е ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА-З А С Л У Ж Е Н О

kugla3

Сезоната почна па застана, па повторно беше ре-стартирана и конечно, Македонската кугларска лига го доби црвено-црниот владетел. Започнавме со интересен братски дуел кој новиот шампион, Вардар „А“ го доби минимално со 5-3 со Вардар(Б).  Следеше лесна победа со дамите од ГТЦ, потоа на „менито“ дојде дербито со пумпашите кои го добија, но во следното дерби коло потоа се вративме психички и убедливи бевме со КК ГТЦ. На крајот стигнавме до 22.бода, кои ни донесоа шампионски ореол. Вардар ги доби речиси сите дерби дуели, два пати беа подобри од Пелистер и КК ГТЦ, а еднаш го добиа во клучниот дуел Макпетрол, дуел кој ги детонизираше. Од шест дуели кој носат епитет дерби за врвот на табелата, црвено-црните успеаа да добијат дури пет. Вака изгледа низ резултати „шампионскиот пат“ :

1.коло, Вардар(Б)-Вардар(А) 3-5

2.коло, Вардар(А)-ЖКК ГТЦ 8-0

3.коло, Макпетрол-Вардар(А) 7-1

4.коло, Вардар(А)-КК ГТЦ 7-1

5.коло,ЖКК Пелистер-Вардар(А)  1-7

6.коло, Вардар(А)-Пелистер 7-1

7.коло, Вардар(А)-Слободен

kugla

8.коло, Вардар(А)-Вардар(Б) 6:2

9.коло, ЖКК ГТЦ-Вардар(А) 0-8

10.коло, Вардар(А)-Макпетрол 5-3

11.коло,  КК ГТЦ-Вардар(А) 7-1

12.коло, Вардар(А)-ЖКК Пелистер 1-7

13.коло, Пелистер-Вардар(А) 2,5-5,5

14.коло, Вардар(А)- Слободен…ШАМПИИИОН

ЧЕСТИТКИ КУГЛАРИ, ВИЕ СТЕ ГОРДОСТ, ВИЕ СТЕ СЈАЕН ДИЈАМАНТ ВО НАШАТА ЦРВЕНО-ЦРНА ПРИКАЗНА НА ГОЛЕМОТО СЕМЕЈСТВО-С.Д.ВАРДАР