Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Распоред: „Лавиците“ во сабота и недела ќе одиграат три натпревари
Распоред: „Лавиците“ во сабота и недела ќе одиграат три натпревари

Распоред: „Лавиците“ во сабота и недела ќе одиграат три натпревари

Следниот викенд продолжуваат возбудувањата кај младите ракометни категории. Избраничките на Платон и Папуџиева ќе играат кадетски квалификациски турнир. Кадетскиот тим на ЖРК Вардар е во групата-Г со тимовите на Јехона, Аеродром и Ѓорче Петров. Победникот на оваа група игра на Ф-4 завршниот турнир каде во полуфиналето вкрстува со групата „А“ , каде ќе се напреваруваат тимовите на: Пелистер, Феникс, Кале Кичево, Стружанка и РК САНИ.

Црвено-црните дами повторно ќе го играат својот турнир во салата во Ново Село каде што го одиграа и младинскиот турнир. Распоредот на натпревари на „Лавиците“ и термини изгледа вака:

*Вардар-Јехона (сабота,19/06)  13:00 часот.

*Вардар-Ѓорче Петров (нед,20/06) 11:00 часот.

*Аеродром-Вардар (нед,20/06) 17:00 часот.