Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ!На денешен ден лани добивме големо признание за Вардаровиот борач Зубаиров кој се најде во ТОП 20 светски борачи
БОРЕЊЕ!На денешен ден лани добивме големо признание за Вардаровиот борач Зубаиров кој се најде во ТОП 20 светски борачи

БОРЕЊЕ!На денешен ден лани добивме големо признание за Вардаровиот борач Зубаиров кој се најде во ТОП 20 светски борачи

Лани на денешен ден стигна убава вест за нашиот црвено-црн борачки колектив, вардарецот Халил Зубаиров доби признание односно место во топ-20 борачи на светско ниво. Големата љубов , посветеност , труд , макотрпна  работа која се вложува во БК Вардар тогаш доби и официјално признание во светски рамки . Така нашиот млад борач Зубаиров кој освои бронза на Европското Првенство во Полска , но и на домашна сцена исто така младиот Халил доминираше и го освои турнирот “Македонски бисер“-Радовиш  се ова го вивна во топ 20 најдобри борачи во неговата категорија во светот.

За жал оваа сезона Халил имаше еден пех во приватниот живот и од здобиените повреди пропушти голем дел од оваа сезона, сепак најважно нешто е што тој го надмина проблемот и во Инстамбул настапи на квалификациски турнир минатиот месец.  Зубаиров според ранг листата објавена на  UWW се најде во топ-20 борачи (види) за  сезона 2015 година. Младиот и надежен член на Вардар и Македонската репрезенација беше рангиран на 18-сетото место на листата во категоријата до 86 килограми . Сериозната работа во клубот оданоста на шефот на стручниот штаб Професорот Пешко , тренерот Гајдаров и сите останатите од црвено-црниот борачки колектив го донесе ова признание .