Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ: Во шок сум, не сум свесен уште од атмосферата што се случува! Парондо: Се надминавме
Карачиќ: Во шок сум, не сум свесен уште од атмосферата  што се случува! Парондо: Се надминавме

Карачиќ: Во шок сум, не сум свесен уште од атмосферата што се случува! Парондо: Се надминавме

Она што денес се случи во Јане Сандански, силно ќе биде врежано во меморијата на сите љубители и навивачи на Вардар. Многу емотивен дуел, во кој Вардар победи во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите со 31-23 против ПИК Сегед. По дуелот на прес-конференцијата тренерот и средниот бек на црвено-црните изјавија:

Пародно, тренер на Вардар: Оваа сезона многу пати кажав дека сум горд на играчите. Сега би сакал да го повторам истото уште еднаш. Имавме многу проблеми, имавме многу несакани работи, но ги надминавме и одигравме на врвно ниво, онака како што треба да се одигра еден последен меч пред оваа публика во Скопје.

Игор Карачиќ: Би сакал да се заблагодарам на целиот клуб, а исто и на Сегед, затоа што сите беа спортски настроени кон Вардар, а не не гледаа со потценување иако знаат што не чека. Уште од кога не претставуваа пред публиката, си ја сфативме работата сериозно. Во шок сум, не сум свесен уште од атмосферата и што се случува. Овој тим ќе остане со златни букви во македонската историја. Наклон до под и за Парондо, кој направи одлична атмосфера пред натпреварот, ни даде позитивна атмосфера. Сега за нас следи Сегед, не одиме таму со бело знаме и само да минеме понатаму.