Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Георгиевски и Вујин: Го анализиравме првиот меч со Киелце, очекуваме голема борба
Георгиевски и Вујин:  Го анализиравме првиот меч со Киелце, очекуваме голема борба

Георгиевски и Вујин: Го анализиравме првиот меч со Киелце, очекуваме голема борба

Се уште актуелнот Европски првак, РК Вардар 1961 ќе  гостува на  Киелце во мечот на колото. Дуелот се игра утре, среда од 20.45 часот. Не очекува тешко гостување кај екипата која изминатата недела не совлада во СЦ „Јане Сандански“. За очекувањата од овој напревар говорат Георгиевски и Вујин.

Вујин: Очекувано силен противник, тоа го видовме и на домашен терен, пред неколку дена. Мислам дека сега без навивачи  предноста на домашниот терен и не е некоја предност, нема некоја улога за домашната екипа. Така што, заминуваме за Киелце, трениравме меѓу овие два меча, направивме некои видео анализи, се надевам дека ќе ги поправиме грешките. Тие се една сериозна, врвна екипа, но и ние сме исто така и сакаме да одиме на победа. Ќе видиме за што ќе биде сето тоа доволно.

Георгиевски: Претходно знаевме за каков противник се работи, но по првиот натпревар видовме дека имаме уште многу работа. Гледавме видео, анализиравме каде погрешивме, што треба да направиме, кои грешки да ги поправиме. Знаеме дека  Киелце е една квалитетна, искусна екипа чиј напад функционира беспрекорно. Можам да кажам дека одбраната им е една од послабите алки, но нападот е феноменален. Мислам дека, ако им ја спречиме таа транзиција од одбрана во напад, ако правиме помалку греѓки, мислам дека имаме повеќе шанси. На првиот натпревар ние игравме и добро во напад, дадовме доста голови, но многу зицери промашивме. Тие треба да ги сведеме на мининум, да не го разбраниме нивниот голман. Мислам дека би требало да одиграме еден добар меч и да се покажеме во подобро светло од Скопје.