Во среда, Вардар гостува во Полска, кај екипата на Киелце, на натпревар од 8.коло во Лигата на Шампионите.
Овој дуел од страна на ЕХФ е прогласен за меч на колото во ЛШ. Прв пат сезонава, Вардар игра дуел на кој ќе се посвети посебно внимание од страна на медија тимот во ЕХФ.
Киелце го доби дуелот во Јане Сандански со резултат 33:29, додека Вардар не поминувал добро на гостувањата кај овој противник. Останува да видиме како ќе биде на дуелот во среда кој ќе стартува од 20:45 часот.