Нова рутинска победа за избраниците на Раул Гонзалес, на натпревар во СЕХА-лигата. На мечот со Динамо Панчево, шпанецот на клупата на Вардар им даде шанса на играчите кои имаат помала минутажа на натпреварите во лигата на шампионите. Еден од нив беше Мартин Поповски, кој ја искористи шансата и постигна четири голови во новата победа. Тој за сајтот на СЕХА-лигата го изјави следново:
-Еден од најефикасните натпревари оваа сезона за нашиот тим во СЕХА-лигата. Можеби беше така што имаше друг начин на игра, двете екипи играа брзо и отворено, не се штедеше никој. Очекувавме дека ќе биде тежок натпревар, затоа што доаѓа во период каде играме многу натпревари, како тој во сабота против Рајн-Некар. Не очекува тежок меч во сабота и мислам дека е добро што победивме против Динамо, за да ја зголемиме самодовербата, да го продолжиме победничкиот пат кој што го трасираме во СЕХА-лигата и се надевам дека ќе триумфираме и на мечот во сабота.