Избраниците на Пепи Манасков, тимот на кадетите на РК Вардар 1961 оваа есен се дел од кадетска машка група-В во која која имаат пет ривали. Најдобриот тим од истата ќе се пласира на завршниот Ф-4 турнир во оваа категорија, црвено-црните се со реални шанси за да бидат токму тој тим.
Се одиграа есенва само четири кола, по поразот во воведниот дуел наредивме три победи и дојдовме до 9.бода. Доволни за втората позиција на табелата и само бод заостатокот над Алкалоид, тим кој во 6.коло го пречекуваме во „Јане Сандански“ во Скопје.