Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Анализа на ЕХФ: Ако сакате да го запрете Вардар, морате да го совладате Штербик
Анализа на ЕХФ: Ако сакате да го запрете Вардар, морате да го совладате Штербик

Анализа на ЕХФ: Ако сакате да го запрете Вардар, морате да го совладате Штербик

После одигрување на седмото коло во лигата на шампионите, се одиграа половина од натпреварите во групната фаза. ЕХФ направи анализа на екипите, кои се дел од групите и кои се борат за највисок пласман по завршување на сите натпревари во групите. Во описот за Европскиот шампион, се вели дека Вардар победува и оваа сезона и дека е голем претедент за директен пласман во четвртфиналето. Клучот за добрите резултати е во Арпад Штербик кој оваа сезона брани одлично. Во анализата на ЕХФ се вели следново:

-Тие се тимот кој победува оваа сезона и се наоѓа на позиција, која директно им носи пласман во четврфиналето.Но, нивниот следен натпревар против Рајн-Некар ќе биде од клучно значење, другиот непобедлив тим во групата, ќе дојде во Македонија. Победата за Вардар ќе значи останување на тронот, но победата за “лавовите“ од Манхајм повторно ја отвара битката првото место. Пласман во следната рунда треба да биде само формалност за екипите на Барселона Ласа, Нант и Пик Сегед, заедно со Вардар и Рајн-Некар. Но за да одговорите на главното прашање, треба да го совладате Арпад Штербик ако сакате да го запрете Вардар.