Во салата “Кале“ се одигрува првото пролетно коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Во дуел кај генерација 2004 и 2005 година се сретнаа екипите на РК Балтепе Вардар од Тетово и РК Будимир Вардар од Скопје. Победник на овој изедначен дуел на крајот беше екипата на РК Балтепе од Тетово, тие триумфираа со резултат 22-20 (10-8).
Први со гол овој дуел го отворија скопските момци кои поведоа потоа и со 0-2 на стартот. Следеше период во кој екипата од Тетово беше подобар противник тие направија серија 4-0 и ја преземаа предноста. Во продолжение гледавме класична игра гол за гол на двете страни, најчесто тетовчани поведуваа со плус три, а скопскиот тим намалуваше на “минус два“. Па така и заврши првиот дел со предност од два гола за РК Балтепе, тие на одмор заминаа со водсто од 10-8.
Вториот дел почна со игра како што и заврши првиот дел, двата тима погодуваа најизменично се до резултаот 14-11 во 8.минута. Потоа РК Будимир направи серија 0-3 со која успеаа да изедначи на 14-14 и внесе неизвесност во дуелот. Сепак Балтепе беше поумешен по ова изедначување и пред почетокот на последните 5.минути влезе со предност од три гола, односно со резултат 20-17. До крајот тие одиграа рутинирано и ја зачуваа предноста пред скопските момци. Кај победникот Ангел Богоевски постигна 4 гола, кај побразените прв стелец беше Т.Аритонов со 6 погодока.