Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Марко Кизиќ: Најсреќен момент е кога ја освоив Лигата на Шампионите, доколку постои можност би останал доживотно во Вардар
Марко Кизиќ: Најсреќен момент е кога ја освоив Лигата на Шампионите, доколку постои можност би останал доживотно во Вардар

Марко Кизиќ: Најсреќен момент е кога ја освоив Лигата на Шампионите, доколку постои можност би останал доживотно во Вардар

Како спортски медиум кој известува за целото семејство на Вардар, можеме да кажеме дека сме горди, што изминативе пет години промовиравме голем дел на спортисти и млади играчи што се дел од семејството-Вардар. Сигурно дека еден од нив е, новото голманско откритие на Европскиот Шампион, се работи за млад и надежен голман, позиција на која Вардар не треба да стравува во иднина. Пред пет години, откако и активно започнавме да ги следиме младинските екипи на ракометниот клуб Вардар и во живо да известуваме за нивните активности, откривме еден блесок, за кој бевме сигурни дека еден ден силно ќе одекне, не само во Македонија, туку и многу пошироко во Европа. Тоа и се случи, Марко Кизиќ, со само 18 години успеа да биде дел од тимот на завршниот турнир во Келн и со Вардар да ја освои Лигата на Шампионите, тоа беше втор трофеј за црвено-црните, а прв и најдрагоцен за Марко.

Не треба да продолжиме да зборуваме за неговите квалитети, сите кои го пратат Европскиот Шампион, можеа лично да се уверат за каков голем потенцијал се работи. Откако од Вардар, заминаа Штербик, па и Милосављев, Вардар полека добива нов „владател“ на голот, младо момче, кое ги стави сезонава во „сенка„ поискусните Гедбан и Кугис. Довербата која ја добиваше од Кокшаров, а ја продолжи и Алушовски, само се податок дека Кизиќ е врвен голман кој во иднина треба само да се надоградува со квалитетна и макотрпна работа.

metalurg-vardar-seha-05-12-2018-186911

Вардар Фанс и Марко Кизиќ имаат направено многу интервјуа, но следново е нешто поразлично од останатите. Преку ова блиц-интервју ќе можете преку 30 кратки прашања и одговори да дознаете многу за Марко Кизиќ, за неговиот личен живот, за екипата во која настапува, како и за многу други интересни теми…..

1. Опишете го со два збора вашиот прв ракометен тренинг ?

-Среќно, возбудено.

2. Ако не бевте ракометен голман, со што друго ќе се занимававте ?

-Од мал сум во ракометот, ама имав желба да бидам и физиотерапевт.

3. Најсреќен момент во 2019 година ?

-Моментот кога ја освоивме Лигата на Шампиони во Келн.

61982154_2306897656038822_822694663356940288_n

4. Кога не играте и гледате ракомет, кој друг спорт имате желба да го гледате ?

-Сакам да ја пратам кошаркарската НБА лига.

5. Каде Марко го продолжи средното образование ?

-На факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

6. Дали имате трема пред ракометен натпревар ?

-Да, но тоа е блага позитивна трема.

7. Со кој најмногу се дружите од екипата ?

-Со помладите од тимот и со колегите на голот.

8. Дали пред пет години верувавте дека денес ќе „тежите“ еден трофеј во Лигата на Шампионите ?

-Само сонував.

vardar-motor-lsh-15-02-2020-237711

9. Какво е чувството да се скандира вашето име пред преполниот Јане Сандански ?

-Да се добива таква поддршка нормално е да се чувствуваш фантастично.

10. Кој е голманскиот идол на Марко ?

-Омејер.

11. Колку пати сте имале соочување со вашиот брат на теренот, а тоа да биде за различни екипи ?

-До сега само еднаш.

12. Дали Марко има девојка ?

-Да, имам.

vardar-motor-lsh-15-02-2020-237811

13. Ако тоа не е Вардар, во кој друг Европски клуб би сакале да браните ?

-ПСЖ.

14. Кој е вашиот омилен филм и модел на автомобил ?

-Кум трите дела, Maserati.

15. Кој е најголем шегаџија, а кој најголем љутко во екипата ?

Шегаџии, Шишкарев и Стоилов, а за љутко нема некој што посебно се истакнува.

16. Дали Периќ е најдобриот тренер со кој сте работеле ?

-Имам работено со многу тренери кој многу ми помогнале, но секако Периќ е еден од најдобрите, не само мене што ме тренирале, туку и низ целиот свет.

vardar-motor-lsh-15-02-2020-237891

17. Како се справувате со ситуацијава поради корона вирусов, со оглед дека немате тренинзи ?

-Ситуацијата е тешка, но наоѓаме начини да тренираме и да се одржуваме во форма.

18. Кој според вас може да биде новиот ракометен владател на Европа ?

-Може да бидат тоа многу екипи, но би сакал да остане Вардар.

19. Доколку постои можност, дали би се согласиле да потпишете доживотен договор со Вардар ?

-Кога би имало таква прилика, би сакал да останам во Скопје, фан сум на Вардар од мал, имаме фантастична публика и тука имам се.

20. Омилена дестинација/земја на патување ?

-Од места каде што сум бил, тоа е Порто во Португалија.

21. Кој е најголемото голманско име со кој сте имале можност заедно да тренирате ?

-Арпад Штербик.

vardar-monpelje-lsh-29-02-2020-239171

22. Кој од моменталниот ростер во Вардар, најмалку знае да зборува македонски ?

-Жозе Де Толедо.

23. Доколку се најдете на пуст остров, со која женска спортска личност би сакале да бидете ?

-Alex Morgan.

24. Омилено домашно милениче ?

-Мојат лабрадор.

25. По завршување на голманската играчка кариера, дали ќе продолжите да работите со овој спорт или имате друга цел ?

-Уште е многу рано да планирам што потоа.

26. Кои други навивачи освен вардаровите, ви оставиле впечаток ?

-Нема други што посебно ме импресионирале.

vardar-motor-lsh-15-02-2020-238091

27. Дали во иднина се гледате како прв голман на македонската репрезентација ?

- Би сакал да го достигнам тоа ниво.

28. Кој е најголем мотиватор во екипата ?

-Калараш и Стоилов.

vardar-motor-lsh-15-02-2020-237801

29. Дали луѓето во Скопје те препознаваат и поздравуваат на улиците ?

-Да, ми се има случено неколку пати да ме застанат.

30. За крај, желба или некоја цел која Марко сака да ја исполни во иднина ?

-Да постигнам голем успех со репрезентацијата на Македонија и да ја освојам повторно Лигата на Шампиони со Вардар.

Звонко Ивановски