За време на прекинот на спортските настани и тренизнити искачување на Водно, е еден од начините на кои Борко Ристовски ја одржува својата форма. Пролетното заслување на европскиот првак, РК Вардар како и сите останати спортисти тренира во самоизолација. Денес на социјалните мрежи голманот на црвено-црните, испрати нов апел до сите.
-Го завршив мојот утрински тренинг, на самоизолација на Водно. Сите мораме да останеме здрави за да го победиме овој вирус. Мојата порака е останете здрави, вежбајте каде што можете да останете во самоизолација. Да не го заборавиме најважното, да и помогнеме на македонската економија, купувајте македонски производи-вели Ристовски во видео обраќањето.
*Видеото може да го погледнете на следниот линк- ТУКА!