На 15.октомври, екипата на Вардар треба да го одигра натпреварот од 4.коло во Лигата на Шампионите против Фленсбург.
Во С.Ц. Јане Сандански треба да гостува екипата на Фленсбург, а ЕХФ ги делегираше судиите за овој натпревар. Тоа се црнагорците Иван Павичевиќ и Милош Ражнатовиќ, додека делегат ќе биде нашиот Марјан Начевски.
Се надеваме дека овој натпревар ќе се одигра, со оглед дека до овој период избраниците на Алушовски имаат зад себе само еден дуел, оној од стартот на сезоната против екипата на Брест Мешков.
Натпреварот ќе стартува во терминот од 20:45 часот.