Ракометарите на Вардар денес ќе одиграат нов контролен натпревар.
Поради недостаток на официјални мечеви, избраниците на Алушовски денес ќе „спарингуваат“ со тимот на Металург. Оваа средба ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 18:30 часот.
Во средата, во истата сала, Вардар го победи тимот на Бутел (29:22), а на 15.октомври треба да одигра натпревар од Лигата на Шампионите против екипата на Фленсбург.
Вардар од 16.септември нема одиграно официјален натшревар, последниот беше во рамките на првото коло од ЛШ, кога бевме поразени од Брест Мешков.