Европскиот првак, РК Вардар го одигра и вториот контролен дуел со тим од Скопје пред продолжетокот на групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите.
Црвено-црните го добија пријателскиот натпревар против Металург во спортскиот центар „Јане Сандански“ со резултат 37-28 (17-13). Гостинот предводен од Автокоманда парираше во првиот дел, ама попушти пред паузата кога Вардар се одели, во вториот дел го контролиравме дуелот.