Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > “Вардарци“ на 27 јули стартуваат со подготовки за новата сезона
“Вардарци“ на 27 јули стартуваат со подготовки за новата сезона

“Вардарци“ на 27 јули стартуваат со подготовки за новата сезона

Својот прв собир за означување на подготовките за новата сезона, екипата на Рк Вардар ќе го има на 27 јули. Се до 2-ри август остануваме со тренинзи во Скопје, во нашата сала Јане Сандански. На 3-ти август е планирано да се тргне за Крањска Гора, каде ќе се одвива главниот дел од припремите. Трета година по ред се одлучуваме за ова прекрасно место, кое нуди одлични услови за подготовка на екипата. Во Крањска Гора се останува да се тренира се до 13-ти август. Не е исклучено да се одигра барем еден пријателски натревар тука.

Понатаму се продолжува директно на турнир “Кањижа куп“ во Србија. Прекрасното место во близина на Српско-Унгарската граница“ Кањижа Спа“,ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир“ Кањижа Куп 2015“. Ова ќе биде вкупно петто издание на овој традиционален меѓународен турнир, на кој учествуваат многу силни екипи. Не е сеуште познат целосниот распоред и имињата на клубовите кои ќе се појават на овој турнир. Минатата година, црвено-црните заземаа учество на истиов и го освоија второто место. Во финалниот натпревар беа поразени од екипата на Пик Сегед. Во групата тогаш, забележавме две победи против селекцијата на Тунис и екипата на Партизан.

Од Кањижа, екипата се враќа во Скопје, каде ќе бидеме домаќини на уште меѓународен турнир во организација на нашиот клуб. “Вардар турнирот“ е закажан да се игра во периодот од 24-27 август во С.Ц. Јане Сандански. Учество ќе заземат и екипите на Целје ПЛ(Словенија), противникот на Вардар во групната фаза-Кристијанштад(Шведска), Чеховски Медведи(Русија), репрезентацијата на Саудиска Арабија и екипата на Металург. Ќе се игра во две групи, со по три екипи, а првите пласирани од двете групи ќе играат во финалето. Во новата сезона РК Вардар влегува засилен, во имињата на Александер Деревен, Дејан Манасков, Мијајло Марсениќ, Хорхе Македа и Лука Циндриќ.