Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Иван Чупиќ четврти најдобар “пеналџија„ во СЕХА-лигата
Иван Чупиќ четврти најдобар “пеналџија„ во СЕХА-лигата

Иван Чупиќ четврти најдобар “пеналџија„ во СЕХА-лигата

Десното крило на Вардар, Иван Чупиќ е познат по изведувањето на ударите од седум метри. Тренерот на Вардар, Гарсија Парондо најчесто на него му ја дава довербата да изведува пенали. Во СЕХА-лигата, Чупиќ се наоѓа на четвртото место, според проценот на успешно реализирани удари од седум метри. Хрватското крило на вардарци досега од оваа позиција шутирал 26 пати од кои успеал да погоди во 23 наврати, или да има 88% на успешна реализација при изведувањето на пенали.

Што се однесува до овој статистички податок првите две места со 93% на успешна реализација ги делат Габриел Флореа од Стеауа и Ведран Делиќ од Војводина, додека на третото место е Бруно Буторац од Татран Прешов.