Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Во Вардар се гледам уште неколку години
Чупиќ: Во Вардар се гледам уште неколку години

Чупиќ: Во Вардар се гледам уште неколку години

Иван Чупиќ ја игра својата трета сезона во црвено-црниот дрес, а сите ќе го паметиме по златниот гол пред две години, кога успеавме да ја освоивме Европската титула и да испишеме историја за клубот. Во интервју за „РТЛ“ , Чупиќ истакна дека му годи Скопје и дека не би му било проблем и понатаму да игра за Вардар.

-Македонците се топол народ, по менталитет се близу Хрватите. Климата е убава, исто како кај мене долу на море, има многу сонце. Би грешел душа ако кажам дека во Вардар не ми е убаво, но знаете како е во спортот, никогаш не знаеш што ќе биде. Но, се гледам тука уште неколку години.

Загреб ќе биде противникот на Вардар во осминафиналето, а Чупиќ истакна дека ќе биде пријатно да се вратиш во родната земја, макар тоа било само два дена.

-Убаво ќе ни биде на нас Хрватите да си дојдеме дома, иако тоа ќе биде само на два дена. Не чека едно убаво и големо балканско дерби, истакна десното вардарово крило.