Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар в среда гостува кај ЖРК Куманово, во младинското дерби
Вардар в среда гостува кај ЖРК Куманово, во младинското дерби

Вардар в среда гостува кај ЖРК Куманово, во младинското дерби

Полека започнува расплетот во младинската женска лига, се играат дуелите помеѓу тимовите аспиранти за врвот. Куманово беше поразен в гости од Металург, а пак во среда ние гостуваме кај тимот кој е третто пласиран. ЖРК Вардар во ова коло е гостин на кумановки.

Дуелот се игра, на 6.март, среда, со почеток во 19 часот и 30 минути во салата при СОУ “Перо Наков“ во Куманово. Судии на средбата се Јашар Лејла и Михаела Каспарова од Скопје. Делегат е скопјанецот Златко Локвенец.

Оваа средба е важна за нас, победа  на истата ќе ни овозможи во домашниот дуел со Металург да ни одговара и реми за титула. Секако клучен дуел за пехарот во женската младинска лига е домашната средба со сино-белите девојки од Автокоманда. Со кумановки  на првата средба одигана во декември, пропуштивме победа со промашен пенал на 11.секунди до крај. Дуелот заврши реми 27-27, натпреварот и по првите 30.минути беше изедначен кога заврши 15-15.