Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Не е се во парите, Вардар и Македонија ми дадоа многу
Чупиќ: Не е се во парите, Вардар и Македонија ми дадоа многу

Чупиќ: Не е се во парите, Вардар и Македонија ми дадоа многу

Ивач Чупиќ е златното момче кое успеа со Вардар на два пати да ја освои Европската титула. Токму со неговиот гол во последните секунди во 2017 година за прв пат испишавме историја со освојување на ЛШ, додека две години подоцна Вардар го повтори успехот и по втор пат се искачи на врвот на Европа.

Во интервју за хрватски „Индекс“ Чупиќ зборуваше за неговото враќање во Хрватскатската репрезентација, за претстојот во Вардар, задоволството од претстојот во Скопје и за целите на клубот.

-Македонија ми даде многу, но и јас неа и на Вардар. Многу сме блиску со менталитетот, блиску сум до Хрватска, тука сум со мојата жена и деца кои одат во градинка и училиште. Се чувстуваме сите среќни и задоволни.  Во одредени моменти од кариерата играњето во топ клубовите во кои се заработува најмногу не е најважното нешто на светот, а токму тоа те прави многу посреќен. Со Вардар успеав  два пати да ја освојам Европската титула, тука ме ценат и многу ми дадоа Вардар и Македонија. Семејството ми е среќно во Скопје и додека биде така и јас ќе бидам среќен. Се промени структурата на клубот, други луѓе го водат клубот и сега имаме други цели. 

Чупиќ очекува интересна и неизвесна сезона во домашното првенство.

-Пандемијата со корона вирусот многу го погоди ракометот, а Македонија е една од ретките земји каде ракометот е спорт број еден, а не фудбалот. Тоа ги привлекува играчите, додека македонската лига со Еурофарм и Металург ќе биде многу интересна до крајот. Хрватските играчи тука се чувствуваат како дома, македонците се добри и топли луѓе кои ги сакаат хрватите и ги ценат нашите успеси со репрезентацијата, истакна Чупиќ.