Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Петар Цветковски: “Јуниор“ лигата ја гледам како проект, кој ми дава можност да се надоградам како личност и ракометар
Петар Цветковски: “Јуниор“ лигата ја гледам како проект, кој ми дава можност да се надоградам како личност и ракометар

Петар Цветковски: “Јуниор“ лигата ја гледам како проект, кој ми дава можност да се надоградам како личност и ракометар

Актуелна е третата сезона на ракометната “Јуниор лига“ во која се натпреваруваат школи од цела Македонија. Овој проект на РК Вардар кој веќе трета година успешно функционира им ги дава сите предуслови на младите ракометари да ги покажат своите квалитети и знаења, и преку континуираното играње на натпревари да го стекнуваат потребното искуство и постојано да се надоградуваат со нови особини од ракометната игра. Павел Цветковски доаѓа од шампионската школа на РК Илинден-Вардар, која е актуелен освојувач на лигата, кај генерацијата родени 2004/05 година. Ова е втора сезона за Петар како се натпреварува во “Јуниор“ лигата. Тој на почетокот ќе не запознае со неговите ракометни почетоци, кои се доста интересни.

-На мојата седумгодишна возраст јас почнав да тренирам фудбал за ФК ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, мојот татко беше исто така фудбалер на истиот клуб, а мојата мајка беше ракометарка на РК Вардар. Почнавме да одиме на натпревари со мојата мајка на РК Вардар и љубовта моја беше многу поголема према ракометот, решив да го оставам фудбалот и да почнам да тренирам ракомет.

Со нетрпение се очекува викендот за екипите кои се дел од овој голем проект. Покрај играчки, оваа лига им овозможува на учесниците и пријателски карактер.

bu2

-Се запишав во ракометната школа на Дарко и Александра Јанев каде што беа моите први чекори. Јас сум дел од РК Илинден веќе три години и сум под водство на Дарко и Александра Јанев. Две години се натпреварувам во “Јуниор“ лигата и моите впечатоци се многу добри, запознав многу нови другари, организизацијата е на високо ниво. На овој проект гледам како можност да се надоградам како личност и ракометар.

Одлично започна новата сезона за шампионската генерација на РК Илинден, која е неприкосновена после одигрување на првите три кола, во кои имаат исто толку победи.

-Ракометната школа на РК Илинден функционира беспрекорно и ние со мојата генерација тренираме три пати неделно. Оваа сезона во “Јуниор лигата“ започна многу добро за нас, каде од 3 натпревари имаме 3 победи. Јас постигнав вкупно 10 гола на сите 3 натпревари. Оваа година во “Јуниор лигата“ недостасуваат неколку екипи од лани и мислам дека треба да се приклучуваат и нови ракометни школи.

Голема е честа за овие млади ракометари, кои се дел од школата Илинден-Вардар, да работат со Дарко и Александра Јанев.

-Сакам да се заблагодарам на моите тренери, Дарко и Александра Јанев, што сум дел од нивната школа. За нив можам да кажам само пофални зборови, бидејки без нив немаше да бидеме тоа што сме. Без нивна помош немаше да бидеме шампиони минатата сезона во “Јуниор лигата“ за генерација 2004/05 и за тоа им благодарам што сум дел од тој тим. Покрај добри тренери, тие се истовремено и добри педагози.

Звонко Ивановски