Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Стоилов: Ние сме фаворити, но Кристијанштад е незгоден противник
Гонзалес и Стоилов: Ние сме фаворити, но Кристијанштад  е незгоден противник

Гонзалес и Стоилов: Ние сме фаворити, но Кристијанштад е незгоден противник

Желбата е да победиме на дуелот од ЕХФ лигата на шампионите кој е последен за 2017 година против Кристијанштад од Шведска. Со тоа да ја задржиме бодовната разлика меѓу нас како лидери на табелата во група и другите екипи. Дуелот се игра  во сабота во 17-30 часот во СЦ „Јане Сандански”-Скопје. По тој повод на  прес-конференцијата тренерот Раул Гонзалес и капитенот Стојанче Стоилов ги изнесоа своите очекувања.

Очекувам тежок натпревар зашто Кристијанштад имаат добри играчи. Знам дека сме во многу добра ситуација, зашто сме прво место во групата до феваруари. На гости против Кристијанштад одигравме многу добар натпревар, тоа се противници кои играат брзо, имаат добар контранапад. Против Пик Сегед одиграа многу добар натпревар, многу брза игра. Очекувам и тука в сабота да биде слично зашто имаат многу добри играчи, со искуство и играат брз контранапад. Утре имаме тренинзи. Не се знае сѐ уште дали ќе играат Хорхе Македа и Рожерио Мораеш- вели тренерот Раул Гонзалес.

Во сабота играме навидум лесен натпревар, но Кристијанштад не треба да се потценува. На натпреварот со ПИК Сегед покажаа дека се незгодна, динамична екипа. Ако играме како што знаеме ќе ја оправдаме таа фаворитска улога и со победа да завршиме Лига на шампиони. Не треба да се опуштиме, досега немаме пораз и сѐ оди добро, да не ја разочараме публиката на крајот од годинава-вели капитенот Стојанче Стоилов.